Вицепремиерката Грковска во своето излагање посочи дека Северна Македонија отсекогаш била на крстосницата на различни влијанија, вклучително и оние штетните со кои се поткопуваше секој чекор што како држава го направивме за да станеме дел од Алијансата и да влеземе во ЕУ. За жал, како што истакна Грковска, овие влијанија не се намалија со влезот во НАТО, туку се интензивираа откако земјата се соочи со нови пречки во пристапувањето во Европската Унија
Во своето обраќање вицепремиерката изрази надеж дека Соединетите Американски Држави и во иднина ќе останат наш посветен сојузник и пријател кој континуирано ги поддржува напорите на Северна Македонија за унапредување на демократијата, за владеење на правото и за градење одржливи институционални капацитети за раст и развој.
„Без партнерството со САД, ние самите не би можеле да се справиме со малигните влијанија на непријателите на слободата и демократијата, ниту да ги спречиме метастазите што продираат во кревкото ткиво на нашето општество.“, заклучи Грковска.