ТРИЧКО ЗА ЛУЃЕТО КОИ ПРИФАЌААТ ДА БИДАТ БУДАЛИ

0
887

Зошто луѓето прифаќаат да бидат будали!?

Пишува: Бранко Тричковски

Собрав сили и до крај прочитав еден особено идиотски текст, идиотски дури и за високите стандарди на македонската политичка и општа неписменост. Армирани со говњарски телови злоба, шуплува парада и зависта како куршум на злото.
Извештајот на Европската комисија со кој отворено се навестува дека во март ќе дибиеме датум за почеток на преговорите, бил ист како и извештаите на ЕК од времето на Груевски. Реакцијата на сдсм била иста како и реакциите на вмро, пораките на Заев, исти како и пораките на Груески, почетокот на преговорите и членството во нато, демек остварувањето на двете клучни стратегиски цели, било исто како и почетоците на смртта под режимот на чипираните идиоти.

Значи, во еден епски напор да се релативизира историскиот успех на Северна Македонија и да не се дозволи тој успех да се регистрира како ненадоместлива изборна предност на коалицијата предводена од сдсм, луѓето си дозволуваат од себе да прават идиоти, будали, кретени.

Се било исто.

Па, курац фини е исто.
И сега, замислете го на крајот обидот лудоста да се качи во последниот вагон на новата историска димензија. Стоката вели дека почетокот на преговорите е заслужена работа бидејки Заев ги остварил сите очекувања на Европската комисија.
Чекај малку, бе, па тоа значи дека вашите интензивни пучистичко-рекетарски активности против Заев и неговите политики беа, всушност, против исполнувањето на тие услови, односно против членството во нато и еу. Тоа значи дека целата таа шарена антизаевистичка коалиција беше и е велепредавничка. Па нели Заев беше главата на октоподот, нели комплетното политбиро на сдсм беше рекетрска секта, нели премиерот ја попречуваше правдата, односно испорачуваше револуционерна правда преку СЈО и другите свои козаностра правосудни и други инсталации, нели ја предадоа татковината, името и идентитетот, нели се им дадоа на Албанците, на Грците и на Бугарите и се им земаа на Македонците.
Па, Европа ли не гледа убаво или вие решивте да дојдете на страната на нас предавниците и апологетите.

Се поздравува извештајот односко датумот затоа што на скотовите им доаѓа од газот во главата, па заклучуваат дека е време да се излезе од зоната на тешкиот пораз и во новите услови, против кои се бореа со сите сили и со сите средства, да добијат два пати по петнаесет години продолжеток на животот под Заев, што е подобро отколку смртта во шанците на перманентниот вморонски пуч и јавниот хаос под диригентскиот колец на Мицко.

Заев и Европа, со мала помош на пријателите во татковината и надвор, го замочаа вморонскиот пожар. Убав, сив чур и по некое изгорено дрвце. Зелените жаби од родот на кикифрики скокаат од шините и се лепат за севрномакедонската дресина која јури кон Брисел. Можеби ќе се наложи по пат да изедеме некоја, но другите ќе ги однесеме со нас, што да се прави, има во Брисел работа и за жабите.

Фејсбук статус на Бранко Тричковски