ГРАД СКОПЈЕ : ВО ТЕК Е ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ ЗА КУПУВАЊЕ ВЕЛОСИПЕДИ ЗА 2023 ГОДИНА

0
553

Почитувани, во тек е јавниот повик за субвенционирање за купување велосипеди за 2023 година. Право да аплицираат имаат жителите на градот Скопје кои имаат купено велосипед од 01.01.2023 година и ќе поднесат барање за надомест на дел од трошоците.

Оваа мерка е уште една од низата проекти за заштита на животната средина и здравјето на граѓаните, како и подобрување на квалитетот на воздухот во градот Скопје преку стимулирање на користење на велосипедот.

Повеќе информации за аплицирање на јавниот повик и користење на субвенциите кои ги доделува Град Скопје на следниот линк: https://skopje.gov.mk/…/javen-povik-velosipedi-2023.pdf