Сојузот на Албанците почна да ја гради изборната платформа за претстојните избори

0
885

Сојузот на Aлбанците, формиран неодамна од Движењето за реформи на ДПА предводено од струшкиот градоначалник Зијадин Села и од партијата НДП, ја одржа првата средба на работните групи на партиите, кои имаат цел да изработат заедничка платформа за претстојните парламентарни избори. Средбата се одржа во просториите на НДП во Гостивар.

sojuz-na-albancite-540x329

– Ова е прва средба, ќе продолжиме и понатаму, за да направиме платформа која ќе ги содржи нашите заложби, а тоа е Македонија да биде бинационална држава, Aлбанците да бидат државотворен народ, буџетот на Македонија да се распределува еднакво во сите региони, а албанскиот јазик да биде официјален на територијата на цела држава – изјави Весел Мемеди, претседател на НДП.

Од Сојузот на Aлбанците велат дека Македонија не може да чекори напред без да се реши прашањето на Aлбанците.

– Мора еднаш засекогаш да се реши прашањето на Aлбанците, кои се 30 проценти од вкупната популација во Македонија. Сакам да напоменам дека кога ќе се реши докрај албанското прашање, ќе се решат и прашањата на другите малцинства во Македонија, како што се случи во 2001 година, со потпишувањето на Рамковниот договор – изјави Зијадин Села, претседател на Движењето за реформи на ДПА.

НДП и Движењето за реформи на ДПА, на следните избори ќе настапат со заеднички листи. Првата верзија на нивната заедничка платформа ќе ја споделат во јавноста на наредната средба на работните групи на партиите, а наесен ќе биде презентиран конечниот документ од платформата.

Мета