ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НА ГРАД СКОПЈЕ, ДАНЕЛА АРСОВСКА, ВО ТИРАНА УЧЕСТВУВА НА ПРВИОТ РЕГИОНАЛЕН ФОРУМ НА ЛОКАЛНИ САМОУПРАВИ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН ОРГАНИЗИРАН ОД СОВЕТОТ ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА, НАЛАС И ГРАДОТ ТИРАНА

0
341

 
Во рамки на овој регионален форум, Арсовска заедно со градоначалници и заменици на главните градови Тирана, Подгорица, Приштина и Сараево разговараа за зелена трансформација на градовите во регионот, кои се предизвиците и можностите за нивно надминување.
– Град Скопје реализира конкретни мерки и чекори за успешно справување со предизвиците и постигнување одржлив развој на градот и зелена транзиција и тоа
 ⁃ отпочнавме изградба на 5 нови мега паркови
 ⁃ ги трансформираме запуштените простори во паркови
 ⁃ отворивме прва биотехнолошка лабараторија со УНДП и УНИЦЕФ како едно од регионално најиновативните решенија за рециклажа и употреба на производи од био отпад
 ⁃ отпочнавме со проект прв од овој вид во Македонија за рециклажа и реупотреба на градежен отпад
 ⁃ во тек е двоен хакатон со AirCare и Brainster од кој ќе произлезе ИТ платформа за следење и пријавување на загадувањето на воздухот
 ⁃ воведуваме бесплатен јавен превоз за граѓаните од јануари 2024, предлог кој ќе се најде пред советниците за гласање со буџетот за следната година- истакна градоначалничката на Град Скопје Арсовска.
Форумот за размена на искуства во регионот  го означува почетокот на регионалниот дијалог меѓу локалните самоуправи од Западен Балкан, насочен кон имплементација на зелена агенда на локално ниво и е потврда на заложбите за регионалнта зелена транзиција.