ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КУМАНОВО МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ВО ЗЕМЈАВА СЕРГЕЈ АЛЕКСАНДРОВИЧ БАЗДНИКИН

0
594
Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски и
претседателката на Советот на општината Ивана Ѓорѓиевска, денеска
остварија работна средба со амбасадорот на Руската федерација во
Република Северна Македонија Сергеј Александрович Баздникин, придружуван
од советникот за економски и трговски прашања во амбасадата Владимир
Хрисанфов, како и професори по руски јазик и директори на општински
основни и средни училишта, каде што професорите предаваат.
На средбата тие разговараа за продолжување на досегашната плодна
соработка помеѓу двете страни, потенцирајќи го примерот на СОУ Гимназија
„Гоце Делчев“-Куманово и Гимназијата No.13 Невски реон од Санкт
Петербург, како и отворање на нови можности во повеќе општествени
области.