ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КАРПОШ, СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ, ЈА НАПУШТИ КОАЛИЦИЈАТА СО ВМРО-ДПМНЕ ПОРАДИ РЕКЕТ И ЗАКАНИ И КАДЕ СПОРЕД НЕГО ЌЕ СЛЕДУВАЛЕ КЛЕВЕТИ И НАВРЕДИ

0
588

„Во изминативе седум месеци се потрудив да работиме транспарентно и да ги корегираме политиките кои биле погрешни. Со целосен ресепкт за политиките кои ги носиме да се усогласиме и заедно да делуваме за интересите на граѓаните. За жал целото мое искуство како четврти мандат за градоначалник, очигледно дека не успеваме да се разбереме на соодветен начин и да ја тераме работата. Начинот на работа со опструкции, инат, подметнување, навреди не е соодветен за коалициони партнери. Начинот на работа каде еден ќе деригира на коалиционите партнери или советот на Карпош е несоодветен и ваквиот начин е незапамтен за работата на нашата општина. Максимално сме незадоволни од соработката со ВМР0-ДПМНЕ. Од тие причини сакам да ви соопштам дека на ваков начин со ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претеседател не можам да соработувам“, кажа Јакимовски пред советниците.

Тој се обрати и на прес-конференција.

„Се соочуваме со навреди, омаловажување. По 99 месеци коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, морам да соопштам дека таа коалиција не може да опстои во општина Карпош. Јас со моите години, искуство, карактер, не можам да дозволам некој да си поигрува со мене, интересите на граѓаните, советот на Карпош. Затоа јас и Карпош мора да се спротиставиме на инструкциите, на командите од еден центар. Мораме да се спротиставиме на обидите за рекет и закани врз стопанственици од нашата општина. Јас сум градоначалник за сите и имам обврска да ги штитам сите. Ќе продолжиме опозиционо да делуваме и во интерес на граѓаните. Имам поплаки дека се работи кои ние како локална самоуправа сме должни да ги работиме, има индиции дека се обидува луѓето да ги рекетира, дури и закани кон стопанственици, со кажувања дека кога ќе дошле на власт ќе биле затворени и така натаму. Срамота е за некој што не е дојден на власт да се заканува. Сметам дека со реваншизмите треба да престанеме. Сметам дека Обвинителството, судството треба да си ја работат својата работа“, објасни Јакимовски.