ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КАРПОШ СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ ЌЕ ГИ ТРГНЕ МОРАТОРИУМИТЕ ЗА ГРАДЕЊЕ КОИ НАНЕСОА ОГРОМНИ ШТЕТИ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

0
799

Откако на вчерашниот совет беше гласано против иницијативата на советниците на Левица да се направи ревизија на два ДУП-ови и да се стави забрана за градба, тие алармираат дека заканата да продолжи градежната офанзива останува. Според нив булеварот на „Илинденска“ ќе никнат станбено-деловни објекти во должина од Зоолошка, па се до Карпош 4.

-Се предвидува изградба на нови станбени и деловни згради, тоа значи дека на целата зелена површина која се наоѓа долж „Илинденска“ за многу скоро, доколку не се спречи ќе има нови станбени згради, некои ќе бидат со висина и до 14 ката, а во исто време тие ќе бидат изградени врз двете спортски игралишта, фудбалските терени на Алумина и Локомотива.-Мартин Димоски – Советник на Левица во О. Карпош.

Советникот на Левица предупредува на можно слично сценарио и на местото на фабриката Алумина.

По децениската руинирана состојба и сивилото од лимената ограда, на местото на бивша Алумина се отовора ли можност за изградба на висококатница од 104 метри? Советниците од левица алармираат дека процесот е во завршна фаза и дека набргу може да почне процесот на бетонизација на просторот.