ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ СТОИ ПОЗАДИ БУНТОТ ВО „КОМУНАЛЕЦ“, ВЕЛИ НЕЗАВИСНА СОВЕТНИЧКА ВО ГРАД СКОПЈЕ

0
588

Ирена Витина – независната советничка во Град Скопје денеска објави фотографии за кои тврди дека градоначалникот на скопски Бутел, Дарко Костовски стои позади бунтот во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“.

„На 25 мај се случува една средба на една група на луѓе во која што главните влијанија ги имаат Делијан Дардишта која што е претседател на синдикалната организација во Комуналец и еден градоначалник на општина Бутел кој што пак е сопартиец и братучед на еден спасител на градот Скопје, градоначалник во една друга општина, добар инфлуенсер од Кисела Вода. На сите медиуми ќе им ја доставам фотографијава, ова е денот кога се прави планот како да се блокира претпријатието кое што се блокираше минатиот викенд“ рече Витина од говорницата.

Таа до неодамна беше дел од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот, а сега побара заштита за директорката на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“.

„На бунтот имаше граѓани кои не се дел од претпријатието. Добро ги познавам бидејќи припаѓам на партија и можев да ги препознаам. Таму имаше членови на ВМРО-ДПМНЕ кои ја попречуваа работата на вработените кои што се повеќе од 1.200 и сакаат да си ги извршуваат работните задачи. Буквално беа заробени и киднапирани. Тоа беше киднапирано претпријатие“ рече Витина.