Заев: Семејството ми беше под закани, зарем сега со Мијалков и со бегалецот Груевски да се договарам?

0
2763

Премиерот Зоран Заев во интервју за Нова ТВ зборува за реформите во правосудството, но одговара и на критиките дека народот е разочаран што правда во Македонија се уште нема.

– Не можам да бидам задоволен, бидејќи не ми се задоволни ниту граѓаните. Но, сериозни процеси се отпочнати, одредени пресуди се конечни и правосилни, за дел има првостепени пресуди… Верувам дека правдата ќе биде задоволена, дека секој што се огрешил ќе си сноси одговорност. И додека дишам нема да дозволам било што да измрда, затоа што нашето почитување на правните процедури е израз на тоа какви сме сите. Јас верувам дека сите овие процеси на крајот ќе ја потврдат вистината која што беше главната инспирација на нашиот револуционерен народ, кога се дигна и го крена гласот – вели Заев.

Тој негира дека постојат тајни договори меѓу партиите за спас на обвинети и осомничени поранешни и актуелни функционери. На прашањето дека сите се убедени дека постои договор меѓу партиите за да се заштитат од кривичен прогон оние кои имааат политичка закрила, премиерот вели:

– Зарем крварев за да се договорам со некој тајно? Семејството ми беше под закани целиот период, и уште многу други семејства беа под закани, за да тајно да се договарам, со кој, со бегалецот Груевски да се договорам, со Сашо Мијалков да се договорам? Може да се договорам само со мојот народ да заживее правда, и секој да понесе одговорност – рече Заев.