ГОРАН СУГАРЕСКИ: ДЕНЕС СЕ СРЕТНАВ СО НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ОД ПРИЛЕП КАДЕ ГИ УТВРДИВМЕ ЗАЕДНИЧКИТЕ ПРИОРИТЕТИ КОИ ГИ ПРЕТВОРИВМЕ ВО ЗАКЛУЧОЦИ

0
719

Заложбите на невладините организации се и мои заложби

На попладневната средба со претставниците од граѓанскиот сектор, ги утврдивме заедничките приоритети кои ги претворивме во заклучоци:

✅МКЦ – простории за успешно функционирање на граѓанските организации;

✅Лицето задолжено во општина Прилеп за контакт со граѓанските организации ќе биде постојано достапно до ВАС за да ги пренесува вашите барања, приоритети и потреби;

✅Повик за граѓанските организации за финансирање на проекти со средства од општинскиот буџет (2 пати годишно и тоа во месец март и во месец септември);

✅Продолжува работата на Граѓанскиот парламент со учество на граѓанските организации и целни групи за кеирање на општински јавни политики;

✅Креирање на општинскиот буџет преку парципативно буџетирање и одредување на граѓанските приоритети;

✅Формирање на Економско-социјален совет со вклученост и на граѓанските организации со свој претставник;

Фејсбук статус на кандидатот за градоначалник на Општина Прилеп, Горан Сугарески.