ГОРАН СУГАРЕСКИ : ДЕНЕС СЕ ПРИКЛУЧИВ ВО АКЦИЈАТА ,,ОКТОМВРИ – РОЗОВ МЕСЕЦ” ЗА ПОДИГАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ПРОТИВ РАК НА ДОЈКА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ФОРУМОТ НА ЖЕНИ НА СДСМ – ПРИЛЕП, ИЗРАЗИВ МОЈА ЛИЧНА ПОДДРШКА ЗА ОВАА ПЛЕМЕНИТА ИНИЦИЈАТИВА

0
702

„Октомври – Розов месец“, акција за подигање на јавната свест за борбата против рак на дојка, во организација на Форумот на жени на #СДСМ Прилеп, е денешниот настан на кој се приклучив со големо задоволство, при што ја изразив мојата лична поддршка за оваа племенита иницијатива.

Истовремено, како политичар, но првенствено како човек, отсекогаш сум бил поборник за поголема улога на жената во општеството. Поборник за рамноправност на мажите и жените во секоја сфера на општественото живеење.

Оттаму, среќен сум што мојата партија, СДСМ, е првата партија која на дело го покажа значењето на терминот ,,родова еднаквост”.

Посебно ми е драго што Прилеп е предводник во тој процес, за што најдобар показател е кандидатската листа за членови на општинскиот Совет, на која жените го имаат главниот збор. Бидејќи, од 27 кандидати 14 се жени, меѓу кои и носителката на листата, Моника Грашеска-Илиеска.

#НајдобротоЗаПрилеп #ОктомвриРозовМесец #Заокружи12

Фејсбук статус на кандидатот за градоначалник на Општина Прилеп, Горан Сугарески.