КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ЌЕ ПРЕПОРАЧА ДО ВЛАДАТА ДА ОСТАНАТ ИСТИТЕ РЕСТРИКЦИИ ВО СИЛА

0
1265

Комисијата за заразни болести на состанокот кој го одржа утринава, донесе предлог да останат на сила веќе постоечките рестриктивни мерки, потврдија од Министерството за здравство.

Забраната за движење на населението е од полноќ до 4:00 часот наутро, а угостителските објекти работат до 23:30 часот.

Предлогот за олабавување на мерките беше донесен минатиот понеделник врз основа на епидемиолошката состојба, односно намалениот број на новозаразени и ослободувањето на поголем дел од болничките капацитети.