ГОРАН СДК: ИМА РАЗЛИКА, ОД ТРАМП СИТЕ СЕ ОТКАЖАА ПОСЛЕ УПАДОТ ВО КОНГРЕСОТ, А КАЈ НАС ОД ГРУЈО ВМРО НИКАКО ДА СЕ ОТКАЖЕ ИАКО ПОМИНАА 3 ГОДИНИ ОД КРВАВИОТ 27-МИ АПРИЛ!!!

0
872

Ееееј, па и кај нас имаше напад на Собрание. Се сетивме на нашиот напад од 27 април 2017 додека бадниковата вечера одвреме-навреме ја прекинувавме со директен пренос од нападот на Капитол во Вашингтон. Да, бе. Па тоа и не беше толку одамна.

Сличноста меѓу 27 април 2017 во Скопје и 6 јануари 2021 во Вашингтон е во тоа дека организирана толпа го нападна законодавниот дом. И дека и во двата случаи власта го поттикна народот на насилство оти не сака да го признае изборниот пораз. Доналд Трамп им рече на поддржувачите пред Белата куќа да одат кон Капитол за да си ја вратат државата, а Никола Груевски на телевизија ги повика неговите да не седат дома во влечки. Кога приврзаниците ги послушаа и тргнаа во напад за да гинат за нив, Трамп си остана дома, си гледаше телевизија и си твиташе, а Груевски уште побезбеден, ситуацијата ја следеше од Виена.

До тука, со Америка сме исти. Ама, има разлика. Разликата е во тоа што во Вашингтон, уште додека траеше нападот, највидните претставници на Републиканската партија се откажаа од Трамп. Дури и тие што му беа најлојални и што до крајот на мандатот му ги премолчуваа сите негови глупости. А во Скопје, највидните претставници на ВМРО-ДПМНЕ уште не се откажале од Никола Груевски иако тој се откажа од нив и избега. И немаат намера да го осудат нападот на Собранието. Напротив. Три и пол години по нападот, уште од петни жили се борат да докажат дека тоа било оправдано незадоволство на народот, дека луѓето што насилно влегоа во Собранието спремни да убиваат се патриоти, а партискиот врв ги велича како маченици.

Целата колумна на Горан Михајловски ОВДЕ