(ВИДЕО) Манчевски: Ќе ги помогнеме домашните фирми, за просечна плата до 30.000 денари

0
1236

Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ и кандидат за пратеник од кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 1, денеска рече дека ако опозицијата ја освои власта, економски ќе ги зајакнат домашните фирми со 140 милиони евра директна поддршка, со што ќе се обезбедат повисоки плати и повеќе работни места.damjan2911

– Домашните фирми треба да знаат дека доаѓаат подобри времиња за бизнисот во Македонија. Со враќањето на парите кон граѓаните ќе се зголеми личната потрошувачка. Тоа ќе значи и повеќе пари во оптек и повеќе пари за фирмите. Ќе ја зголемиме државната помош за мали и средни претпријатија од сегашните 200.000 евра, на 20 милиони евра во првата година, 30 милиони во втората и 40 милиони евра до крајот на мандатот. Тоа е зголемување за 100 пати. Ќе ја зголемиме просечната плата на 30.000 денари, но финансиски силно ќе ги помогнеме фирмите за да се достигне оваа плата. Државата ќе дава по 108.000 денари за вработување лице до 50 години со услов да добива просечна плата.  Ќе даваме 162.000 денари за вработување лице од ранливите категории, повторно со услов да прима просечна плата. Ќе исплаќаме по 72.000 денари за вработување со преземање на лица од администрацијата со услов да примаат просечна плата – рече Манчевски.

Тој рече дека силни домашни претпријатија ќе ја движат економијата напред, затоа што наведените мерки и политики функционираат секаде во развиените земји во светот и во Европа.

– Со зголемувањето на просечната плата на на ниво од 30.000 денари едно семејство со двајца вработени ќе има приход од 1.000 евра, месечно, со тоа се живее далеку подобро. Затоа на Македонија и треба премиер кој ја разбира економијата – истакна Манчевски.