ГИР : НЕМА ДА ИМА НОВ ДОГОВОР СО БУГАРИЈА, ОВА Е НА МАСАТА!

0
736
ЕУ-амбасадорот Дејвид Гир се надева дека пораките од дипломатите кои последниот период ја посетија земјава ќе бидат земени предвид, а одлуката на политичарите ќе биде суверена, со јасна свест за тоа што е националниот интерес.

-Ние веруваме дека местото на оваа земја е во ЕУ не затоа што сме ние фини, туку затоа што мислиме дека имаме заеднички интерес и дека ова е најдобра иднина за земјата.

Почнавте со преговори, имавте скрининг и можете да се придвижите кон наредниот чекор, значи, сега навистина не станува збор за тоа дали земјата ќе оди напред со усвојување на уставните измени. Но, пак ќе кажам, тоа е суверена одлука – вели тој за Слободен печат.

Гир зборува и за односот на ВМРО ДПМНЕ кон ова отворено прашање нагласувајќи дека европските функционери имале можност да разговараат со партиското водство и да споделат зошто уставните измени се толку важни.

-Зошто е важно да се дејствува токму сега наместо да се чека во иднина, бидејќи нема да има подобар договор, нема да има нови понуди, нема да видиме нов договор со Бугарија, што значи ова е тоа што е на масата сега, тоа е компромис. Знаете дека компромисот никого не го задоволува комплетно, но сепак дава можност, вратата е отворена. Средбите беа многу отворени дури и прилично емотивни и тоа е добра работа, бидејќи споделувате различни ставови, гледања. На крајот останува на пратениците да ја преземат сопствената одговорност и да донесат одлука – вели тој.