ГЕОСТРАТЕШКИ ДИБИДУС : МИЦКОСКИ ПРИЗНА ДЕКА ПО ЕВРОПСКИТЕ ИЗБОРИ НЕМА ШАНСИ ДА ДОБИЕ ПОДОБАР ПРЕДЛОГ ОД ФРАНЦУСКИОТ – МОЖЕБИ И НИЕ НЕМА ДА МОЖЕМЕ ДА ЈА ВНЕСЕМЕ МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ!

0
909

Гаранции, промена на услови и низа барања кои едно со друго немаат никаква поврзаност, став со конзистенција на пача по народски кажано, вака може да се дефинираат изјавите на Христијан Мицкоски во изминатите година дена по однос на промената на Уставот.

И како многу пати до сега Мицкоски се демантираше себе си во вчерашното интервју на телевизија Алфа во емисијата „Заспиј ако можеш“.

Зошто?

Многу едноставно…

Повеќе од година дена тој ја убедуваше македонската јавност дека ДУИ и СДСМ извршиле велепредавство прифаќајки го Францускиот предлог иако во Собранието присуствуваа неговите пратеници додека претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен го презентираше истиот, а на гласањето за истиот неговите пратеници не гласаа против.

Првично гарантираше со нотарски гаранции дека неговите пратеници нема да гласаат за уставни измени, за потоа да бара некаква си промена на условите за да гласа за Бугари во Устав, па тврдеше дека влезот на Бугарите во Уставот по автоматизам ќе значи бугаризација на Македонците за на крај да побара уставни измени со одложено дејство кои што ако добро разбирам само ќе го одложат бугаризирањето на Македонецот.

Па потоа тврдеше дека завршиле преговорите за уставни измени со власта, па почна да тврди дека тој лично има стратегија како да ја внесе Македонија во ЕУ само доколку тој стане премиер за вчера вечер да каже дека Македонија за неколку месеци од денес ќе се најде во многу по неповолна преговарачка позиција имајќи ја во предвид промената на европската политика во десно по изборите за европскиот парламент.

-Нудиме план како земјава да дојде до преговорите со ЕУ. Планот е базиран на три столба: национален, политички и економски, а првата точка од него се предвремени избори. Да организираме предвремени избори и без техничка Влада, последна дата нека биде 11 јуни, изјави уште во март месец Мицкоски.

Но вчера Мицкоски соопшти дека неговиот план за влез во ЕУ бил само чиста демагогија. Тој претпоставува гледајќи ги анкетите дека на наредните избори за Европскиот парламент ќе има се повеќе и повеќе десни партии кои ќе дојдат на власт, партии кои нема да бидат многу заинтересирани за влезот на Македонија во ЕУ и дека тие партии имаат одлична соработка со бугарските националисти што значи дека ќе застанат позади Бугарија ако сега не ги почнеме преговорите.

-Зборувам за иднината на државата затоа што во јуни месец се Европските избори, изборите за Европскиот парламент. Како што стојат работиве многу лесно ќе дивергира парламентот по на десно. Денес погледнав една анкета да речеме Алтернатива за Германија веќе е на 23 проценти, а 26 се ЦДУ/ЦСУ. На конгресот на Алтернатива за Германија присуствуваше од бугарска Преродба претседателот, Костадин Костадинов кој е анти-Македонец. Така што не знам во Франција Ле Пен очигледно ќе победи, во Италија победи Мелони.

Полска исто Право и Правда и ќе победи. ФПО партијата на правдата убедливо води во Австрија, 30 посто имаат нашата сестринска партија и социјал демократите имаат по 20-тина посто рејтинг. Кога сето ова се анализира, по на десно ќе се премести следниот Европски парламент, многу по на десно. Не се знае каква ќе биде пораката. Влегуваме во една нова композиција. Барањата за гаранции, идентитет да ги имаме на писмено приоритети можеби нема да бидеме. Можеби и ние нема да можеме тој процес да го истуркаме. Така да ќе треба многу внимателно, вели Мицкоски.

И можеби не е толку проблем дали Македонија ќе почне преговор со ЕУ и дали некогаш воопшто ќе стане членка туку е проблем сериозната измама која ја прави Мицкоски со пошироката македонска јавност. Ако тој тврди дека Македонија нема друга алтернатива освен Европската Унија, зошто тврди дека има решение како Македонија да продолжи по европскиот пат, а впрочем знае дека условите доколку не се смени сега Уставот сега ќе бидат уште полоши за македонската позиција.

Извор : Инфомакс.МК