ГЕОРГИЕВСКИ : НЕ ПОСТОИ БУГАРИЈЗАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА, ГЛАВНИОТ ПРОЦЕС Е СРБИЗАЦИЈА

0
517

Чие сценарио се преписките меѓу актулниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник, Никола Груевски и каков епилог може да се очекува од ова? За ова прашање, уставните измени, „бугаризацијата“ на Македонија како и за останатите актуелности во вечерашното издание на Трилинг разговаравме со поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и лидер на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски.

Вакви конфротации на нашата политичка сцена меѓу стар и нов лидер не само во ВМРО-ДПМНЕ, туку имало и во СДСМ. Аналитичарите сакаат да веруваат дека има политичка разлика, сценарија, нешто дека е договорено, а најмалку го анализираат нешто друго кое според мене е најчестата причина: личните суети, започнува Георгиевски.

Тој ја прави компарација меѓу негова тензија со Груевски, како и на Груевски со Мицкоски. Тој додава дека ова го има и во светската политика, не само во Македонија. Дава пример со Кол и Меркел.

Кога излегов од ВМРО-ДПМНЕ направив чекор со кој ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните избори. И тоа се случи, вели Георгиевски објаснувајќи која била причината за промената со Груевски.Лидерот на ВМРО-НП вели дека СДСМ ќе има најголема корист од кавгата на Мицкоски и Груевски.Од кавгата Мицкоски – Груевски корист имаат повеќе фактори. Најголема корист има СДСМ. Ако двајцата биле повоздржани немало да дојде до кавга. Не гледам што е проблем во тоа Груевски да преговорал за Уставните измени. Не треба Никола да преговара за уставните промени, туку ДПМНЕ. Тоа е одговорност на најголемата опозициска партија, вели лидерот на ВМРО-НП.

Според Георгиевски сигурно имало некои пазари меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за Уставните измени, а на новинарско прашање од водителот, тој вели дека дефинитивно имало разговори меѓу Мицкоски и Заев, а според него има доста иниции за ова.За српското влијание во Македонија Георгиевски вели дека „луѓето не знаат каде е бугаризацијата во Македонија“.Не постои бугаризација во Македонија. Главниот процес кој се случува е србизација на Македонија. Тоа што ни прави Бугарија, не треба направи да бидеме србизирани, вели Георгиевски.

Членот 353 е член со најголема историја во македонскиот правосуден систем. Кога почна транзицијата раните 90-ти последната комунистичка власт членот 353 го тргнаа и го избришаа. Првите 10 години од македонската транзиција кога беа најголемите приватизации членот 353 не постоеше. Овој член го врати нашата влада кога беше министер Камбовски за да ги уплашиме тие на политичката сцена да бидат повнимателни. Овој член е напишан и изгласан од мојата влада.

Тој вели дека отпосле Црвенковски апсел по овој член. Затоа биле приморани законот да се конкретизира, а тоа не поминало кај Груевски.Тој вели дека отпосле Црвенковски апсел по овој член. Затоа биле приморани законот да се конкретизира, а тоа не поминало кај Груевски.Законот помина во првото читање, но го сруши Никола Груевски. Од чисто популистички причини, како сега Мицкоски што крева галама, тогаш направи Груевски.Георгиевски вели дека сега истиот тој Груевски кој го сруши Законот за амнестија и овој член сега се залага за членот 353.Груевски тоа што сам го сруши сега плаче да му се донесе – Членот 353!, заклучува Георгиевски.