„Гази Баба се грижи” со одличен одзив во првите 10 дена – Сè повеќе хумани луѓе се приклучуваат и донираат

0
1385

Во рамките на оваа хуманитарна акција која е иницирана од општина Гази Баба досега се собрани 220 кг храна, 50 кг облека, 15 кг хигиенски средства, како и мебел. Партнерските организации секојдневно ги доставуваат сите донирани производи до лицата од најранливите категории.

Во акцијата учествуваат голем број на граѓани од општина Гази Баба, а со своја поддршка и донација во првите 10 дена се приклучија и поголем број на јавни личности, културни работници и бизнисмени. Со своја поддршка и јавен апел за донирање во првите 10 дена се приклучија и министрите Оливер Спасовски и Благој Бочварски, градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов, пратеникот Мухамед Зекири, советникот на ПВРСМ, Милан Живковиќ, потпретседателот на СДСМ, Коста Петров. Во изминатиот период со своја донација се приклучија и свештенството од црквата Св. Архангел Михаил во Автокоманда, како и Спиро Чорогунов, сопственик на АД Караорман, поп пејачката Мијата и советниците во Советот на општина Гази Баба, Мартин Ристов и Ивица Петровски.

Од името на општина Гази Баба би сакале да изразиме уште една огромна благодарност до сите граѓани кои донираат и со тоа ја покажуваат на дело својата солидарност и поддршка за граѓаните од социјално – ранливите групи.

Акцијата “Месец на хуманост-Гази Баба се грижи” ќе трае до 02 ноември а сите заинтересирани граѓани можат да се приклучат на 5-те пунктови пред маркетите Кит Го и КАМ маркетите во Автокоманда, Дим маркетите во Железара и Стајковци и С маркет во Ченто каде од 10 до 17 часот можат да донираат храна, средства за хигиена, облека, покуќнина за своите сограѓани на кои им е најпотребно.