АЛТЕРНАТИВА : КОСОВО ИМА ПРАВО НА СУВЕРЕНИТЕТ НА ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА, НО НЕ ПО ЦЕНА НА ЗАГРОЗУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА

0
441

По ескалација на ситуацијата во северот на Косово, Алтернaтивa смета дека Република Косово има потполно право да го воспостави државниот суверенитет на целата своја територија и да го спроведе законот, особено во однос на менаџирање на локалната власт, но истовремено мислиме дека ова не треба да се реализира по цена на загрозување на безбедноста и мирот во тој дел на Косово, велат од партијата во вечерашното соопштение.

-Организирањето на избори за локална власт во општините со мнозинско српско население во северно Косово, независно од бојкотот на некои партии кои се диригирани од Белград, е легитимно право на државните институции на Косово и пред се во интерес на животот на граѓаните на таа зона, кои не може да се жртвуваат по никоја политичка причина.  Како и да е, Алтернатива повикува на умереност и внимателност, но и за взаемен дијалог, на начин кој не го загрозува тешко постигнатиот мир, но и европската перспектива на Западен Балкан, порачаа од Алтернатива.