ГАДНА И ОДВРАТНА НЕКРОФИЛСКА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА ВМРОВЦИТЕ КОИ ЛОВАТ ПОЛИТИЧКИ ПОЕНИ НА ДЕНОТ НА ПРЕЧЕКОТ НА ПОЧИНАТИТЕ ОД НЕСРЕЌАТА ВО БУГАРИЈА

0
985

Денес власта на срамен, недоличен и со нечовечки пристап прави церемонија со пренос во живо од транспортот на починатите, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Згрозени сме, наместо да покажат почит кон починатите, Забрчанец не се воздржува од себепромоција па на социјалните мрежи објавува фотографии со наслов: Одиме во живо наскоро. Ова е невкусно, во ваков траорен миг не треба да се размислува за промоција туку потребна е одговорност. Нема никаков одговор за автобуската несреќа, се уште се обидуваат да ја зачуваат власта преку одржување на нивната неспособна коалиција, а бугарските власти веќе дадоа првични информации по спроведената истрага“, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Колку треба да си гад, монструм, изрод на ваков ден да правиш вакви некрофилски пресови и да ловиш политички поени?!?!