ГАБРИЕЛ БАЈРАМ ОСУДЕН НА ТРИ МЕСЕЦИ ЗАТВОР ЗА НАСИЛСТВО ВО РЕСТОРАН

0
562

Габриел Бајрам, кој е син на починатиот пратеник Амди Бајрам, беше притворен на 30 јули, бидејќи вечерта на 28 јули, заедно со син му, во угостителски објект во Чаир физички нападнале вработен таму и оштетиле дел од инвентарот во објектот. (Фото: Фејсбук)

Советникот во Град Скопје Габриел Бајрам е осуден на три месеци затвор откако призна вина за кривичното дело насилство, потврдија од Кривичниот суд за државната агенција МИА.

Габриел Бајрам, кој е син на починатиот пратеник Амди Бајрам, беше притворен на 30 јули, бидејќи вечерта на 28 јули, заедно со син му, во угостителски објект во Чаир физички нападнале вработен таму и оштетиле дел од инвентарот во објектот.

Тогаш, од Скопското обвинителство соопштија дека инцидентот се случил за време на семејна роденденска прослава, откако оштетениот одбил на еден од присутните гости на прославата да му даде чинии за кршење.

„Во тој момент, осомничениот се упатил кон шанкот и со рака замавнал кон шишињата и чашите, фрлајќи ги кон лицето на оштетениот. Оштетениот успеал да се заштити со рацете, по што осомничениот започнал да го удира со боксови во пределот на главата. Кон ударите се придружил и неговиот син, а за цело време двајцата осомничени упатувале пцовки и закани кон нападнатото лице. Оштетениот се здобил со телесни повреди по главата и телото, додека насилството предизвикало чувство на несигурност, загрозување и страв кај други присутни сведоци на настанот“, велат од Скопското обвинителство.