Муро и Четин со честитка до револуционерот Кољо од Македонија

0
1077

Револуционерите Муро, Четин и Јилдерим од далечната Турција праќаат селам до Кољо наш(голем маж), по повод чествувањето на некаква “револуционерна” (во странска литература позната како терористичка) организација.

Во тоа писмо најмногу внимание посветиле на една многу важна работа, другар Кољо,па затоа и сакам да ти скренам внимание на една многу и за тебе се “надевам” важна работа.

Имено, во овие моменти во кој, човек не би посакал да е во твоја кожа, ниту тебе ниту на твојот братучед, а богами ниту на твоите соработници(од револуционернот округ “Уништи ја Македонија”), ти другар Кољо онаков налудничав каков што си, воопшто не те интересира што се случува со народот.

Беда, сиромаштија и масовно исселување, чиниш полни автобуси со сиријци, а тоа македонски граѓани од сите краишта на Македонија. Бегаат, а незнаат каде.!? И морам да ти признам дека си махер за поделби и манипулации со будали и бедни души, кои си ја продаваат душата, можеби не од што сакаат, маката ги натерала де. Нешто слично на ова ти што го правиш сега со пржинскиот договор, и ти нејќиш ама мора да го минираш, инаку кожата отиде…

А за стварање на нови категории, поткатегории и не знам што па ти нема рамен, за воља на вистината те бидува за тоа, да не се лажииме махер си. Потпомогнат од исцедоците на македонското новинарство, ако куририте може да се наречат новинари успева таа гадна манипулација. Ти дозволуваат и тебе и на твоите таканаречени новинари да им газите по дотоинството и јавно да ги правите малоумни мифки пред целиот македонски аудиториум, а и пошироко, нарекувајќи ги така како тебе ти текнало, така како би било најдобро за манипулација со нив (македонци муслимани македонски муслимани и уште какви не текнувалки).

Сето тоа само заради задоволување на твоите болни амбиции и валкани страсти, да владееш како што “владееш”..!!! Тие беди од луѓе, твои вазали на кои си им дал по некоја функција, а се безгласна буква во својата околина, и воштани фигури (декор) во твојата партија, биди сигурен дека за празникот на “револуционерната” борба ќе бидат покрај тебе. Тоа во никој случај нема да го пропуштат. Хипокризијата за празникот мора да биде на највисоко ниво и по протокол, тука нема зезање..!!! Та нели се функционери на “легално” избраната власт и “функционери” на “револуционерната” организација..Кај муслимани таму па и функционери во демохристијанска партија…

А ти Кољо само ликувај и гледај што повеќе од нив да прибереш..! Немој воопшто да гледаш на друга страна, немој да гледаш што се случува во твојот двор!! Твојата замисла и стратегија за БУГАРИЗИРАЊЕ на македонецот Кољо, перфектно фунционира( тука и се гледа револуционерниот дух во тебе). Незапирливо напредува..!! Онака како што само твојот болен ум може да го смисли..!

Е па Кољо убаво би било да те известам дека, според последните податоци, околу 300.000 (триста илјади) македонци имаат земено или чекаат да земат БУГАРСКИ ПАСОШ(сигурно добро ти доаѓа кога го читаш ова, не е мала бројка).

Тоа ли беше твојата “преродба во сто чекори” Кољо..??? Ти фалат ли уште некакви “поинакви македонци по вера или не знам каква друга поделба ?” за да ја завршиш својата мисија…? Прашувам за да ти помогнам Кољо, оти ти мајче еба со револуцијата..!? Ама не се секирај Полат ќе ти го скрои ќуркот, старците дадоа поддршка !

И за крај Кољо, редно е да ти го честитам тебе и на твоите вазали или (така како што ти сакаш да се нарекуваат) празникот на “револуционерната” организација. Поздравот Кољо, знам дека до срце ќе те заболи, ама ЈБГ така велат овие кои ти го испраќаат писмово..!? ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА…!!!

Пишува : Аднан Џафероски