ВО ВИРЏИНИЈА ШЕСТГОДИШЕН УЧЕНИК ЗАСТРЕЛА НАСТАВНИЧКА

0
472

Шестгодишен ученик вчера пукаше со пиштол и ја рани својата наставничка, соопштија локалните власти на Њупорт Њуз. Во инцидентот не е повредени ниту еден ученик, а наставничката се здобила со тешки повреди. Началникот на полицијата на градод Њупорт Њуз, Стив Дру изјави дека е непознато како детето дошло до пиштолот.

Според законите на американската сојузна држава Вирџинија, шестгодишно дете е премладо за да биде осудено на малолетнички притвор доколку биде осудено. Во САД од 2010 до 2021 година имало повеќе од 800 престрелки во основните и средните училишта, при што регистрирани се 1.149 жртви.