ВО АМЕРИКА СЕ ИСПОЗАКЛАА – НОВ МАСАКР : НАПАЃАЧ УБИ 10 ЛУЃЕ НА ПРОСЛАВА НА КИНЕСКА НОВА ГОДИНА ВО САД

0
427

Во Калифорнија имаше масовно пукање за време на прославата на кинеската Нова година.

Според „Скај њуз“, полицијата одговорила на нападот во паркот Монтереј во близина на Лос Анџелес.

Десетици илјади луѓе се собраа попладне на дводневниот фестивал, кој се смета за еден од најголемите во регионот, за да го прослават почетокот на новата година.
Меѓутоа, непознат маж отворил оган. Според неофицијални информации, загинале 10 лица, а девет се ранети.

„Лос Анџелес Тајмс“ објави дека пукањето се случило нешто по 22 часот на кинеската лунарна нова година.