Ја критикувам македонската политика во Македонија, но и во Бугарија бидејќи некои луѓе ова го направија бизнис и професија да зборуваат за македонските прашања, секој втор стана експерт за Македонија, вели поранешниот премиер и актуелен претседател на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски во изјава за бугарското радио „Фокус“.
Тој додаде дека некои бугарски структури треба да внимаваат – дали сакаат да создадат добра атмосфера или дали сакаат да потхрануваат антибугарски чувства.„Не знам за самите клубови, но кога се вели дека Македонците се Бугари, дека Бугарија и Македонија треба да се обединат итн., ова предизвикува реакција. Едно е да се бараат вистините и да се решаваат историски прашања во интелектуална дискусија, но друго е да се зборува со агресивен тон, со дрскост, што генерира реакција од Македонија и злото расте“, додаде тој.„На крајот можеме да потпишеме какви било договори, се да ставиме на хартија, но проблемот е во емоциите на луѓето, како се чувствуваат“, нагласува Георгиевски.„Не можам да кажам дали УДБА пукала во бугарскиот клуб, бидејќи тоа би можело да биде некој млад човек, разгорен од реториката“, изјавил тој, нагласувајќи дека реториката е падната на ниско ниво