ВЛАДАТА ШТЕДИ : НАМЕСТО СО ВЛАДИН АВИОН, ВЛАДИНАТА ДЕЛЕГАЦИЈА ПРЕДВОДЕНА ОД ПРЕМИЕРОТ ЗАМИНА ЗА БРИСЕЛ СО ЕКОНОМСКА КЛАСА НА АУСТРИАН ЕРЛАЈНС

0
574

Премиерот Димитар Ковачевски попладнево со владин тим отпатува за Брисел. Се објавија фотографии во некои медиуми од страна на читатели. Во состав на владината делегација се вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

На самитот ќе се одржат неколку сесии на кои е предвидено премиерот Ковачевски, заедно со лидерите од Албанија, Србија, Косово, БиХ и Црна Гора, да дискутираат за регионалната соработка и заеднички регионални пазари, за енергетска стабилност и трансформација, како и за перспективите на Берлинскиот процес и стратешките прашања.

Инаку патување со владин авион со гориво плати за пилоти и аеродромски такси и прелети над земји чини околу 100 000 евра додека летање со економска класа на авио превозник чини околу 10 000е за целата делегација, десет пати поефтино.