ВНИМАВАЈТЕ ДА НЕ СЕ ФАТИТЕ НА ИЗМАМАТА НА ВИТАНОВ И ЛАЈКОНЕТ : ПОТРОШУВАЧКАТА СО КАРТИЧКИТЕ Е САМО ВОВЕДНА ПРИКАЗНА ЗА ДА ВЕ НАВЕДАТ ДА ВЛОЖИТЕ АВАНС!

0
2147

Критичарите постојано кажуваат една и иста работа: многу мал процент е од користење на картичката со поврат на парите (околу 1%) и дека 99% од парите доаѓаат исклучиво од аванс на членовите, и нови и стари. Потрошувачката со картичките е само воведна приказна за да влезете во мрежата со аванс или вложување како нов член.

Lyoness / Lyconet е заинтересиран за нови членови, а целта им е сите да ги авансираат своите пари кај нив. На тој начин, членовите што вложуваат се надеваат на провизии, а Lyoness има огромна сума пари на сметката и голем дел од тие пари остануваат во Lyoness засекогаш. Авансот од новите инвеститори е главната работа што носи профит, а не потрошувачката со картичките.

Потрошувачката со картичките е само воведна приказна за да ве наведат да вложите аванс !

Луѓето купуваат нешто, се идентификуваат со Lyconet картичка и добиваат попуст. Но, овој попуст е поделен на неколку делови. 1% се враќаат на сметката за готовина, 2 спонзори добиваат по 1%, а остатокот оди на сметката за бонуси за провизии. Единствениот 1% што може да се добие стои некаде во (office) канцеларијата, а повеќето не знаат како да отворат канцеларија во акаунтот и не можат да ја подигнат се додека не соберат одредена сума (550 ден.).

Многу луѓе се придружуваат без да знаат што системот содржи. Во јавните презентации, се раскажува приказна која заобиколува многу важни факти, а повеќето луѓе им веруваат на своите пријатели и вложуваат пари, кои претежно остануваат заробени засекогаш во системот.

Повеќе за ова на следниов линк ОВДЕ