ВИЛМИЧ ВЕЌЕ НЕМА НИТИ СРАМ НИТИ ПЕРДЕ И ПОКРАЈ ПОКРЕНАТА ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ПРОТИВ НЕА ТАА ПОВТОРНО СЕ КАНДИДИРА ЗА ШЕФ НА ОЈО : ОЧЕКУВАМ КОЛЕГИТЕ ДА МЕ ПОДДРЖАТ, И ПОВТОРНО БИ НАПРАВИЛА ПРЕТРЕС ВО ФИНАНСОВА ПОЛИЦИЈА

0
821

Обвинителката Вилма Русковска за којашто се води дисциплинска постапка по кривична пријава на директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми соопшти дека се кандидирала пак да биде шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Таа пријава поднела вчера и очекува колегите да ја поддржат и да гласаат за нејзе.

Инаку, Русковска попладнево беше повикана да даде исказ пред обвинител во ОЈО Скопје по поднесената кривична пријава од Арафат Муареми.

Постапката против неа ја толкува како притисок врз неа и други обвинители, за како што вели, да внимаваат против кого поведуваат постапки.

Муареми поднесе кривична пријава против Русковска откако ОЈОГОКК отвори истрага против него, и изврши претрес на работните простории на директорот.

Според ОЈОГОКК, Муареми беше под истрага поради основано сомневање дека во неколку наврати ја злоупотребил својата функција да врши уцени на бизнисмени под закана дека ако не ги исполнат неговите барања ќе им отвори а истрага.

Обвинителката и екс-шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска изјави дека повторно би направила претрес во финансова полиција.