(ВИДЕО) ШОКАНТНО ВИДЕО ПРОТЕЧЕ ПО СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ОД ПОРАНЕШЕН ГОВОР НА АКТУЕЛНИОТ АМЕРИКАНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ БАЈДЕН КОЈ ВО СВОЈОТ ТОГАШЕН ГОВОР ЛИЧНО НАРЕДИЛ БОМБАРДИРАЊЕ НА БЕЛГРАД И ЈУГОСЛАВИЈА

0
1388

о вчерашното обвинување од американскиот претседател Џозеф Бајден кон рускиот претседател Владимир Путин дека е „воен злосторник“, шефот на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, рече дека Бајден е „воен злосторник“.

Рогозин објави и видео во кое претседателот на САД тврди дека тој го предложил бомбардирањето на Белград во 1999 година.

-На работ од својот гроб, овој крвав старец мора да се сеќава на неговите злосторства, илјадниците цивили што ги уби – рече началникот Рогозин.

На видеото се гледа и слуша гласот на Бајден кој се фали дека токму тој предложил бомбардирање на главниот град на тогашна СР Југославија.

-Јас предложив бомбардирање на Белград, им предложив на американските пилоти да одат таму и да ги уништат сите мостови на Дрина…, вели Бајден во видеото.

Корисникот Пепе Ескобар на Твитер, инаку познат колумнист, го објави истото видео, потенцирајќи:

„И потоа следеа Авганистан, Ирак, Либија, Сирија, Јемен…“, напишал тој во објавата.