(ВИДЕО) Полицаец со пендрек ги тепа мигрантите на железничката станица во Гевгелија

0
917

На социлалните мрежи кружи видео снимка, направена на 12 август на железничката станица во Гевгелија, на која се гледа како полицаец со употреба на педрек се обидува на сила да ги спречи мигрантите да се качат во возот.

image_1439558424_64

Според информациите кои кружат на социјалните мрежи, станува збор за меѓународен воз кој се обраќа на редовна линија, на кој на мигрантите не им е дозволено да се качуваат. Тие можат да го користат само возот кој специјално за нив се обраќа на линијата Гевгелија-Табановце.

За превозот мигрантите плаќаат карта по цена од 300 денари.

Видеото може да го погледнете ОВДЕ