КИТАНОВ СО ВИЦКАСТА РЕАКЦИЈА НА ОБВИНУВАЊАТА ОД ЦРНИ ГРУЈЧЕ : ГРУЕВСКИ ДА НЕ ЈА ЛАЖЕ РАЈАТА, НЕКА ПИКНЕ ПРСТ ВО ШТЕКЕР ДА ВИДИ ДАЛИ ИМА ИЛИ НЕМА СТРУЈА ВО НОВИОТ ТУНЕЛ КАЈ ДЕЛНИЦАТА Д.КАПИЈА-СМОКВИЦА

0
1441

Директорот на јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов реагира на плашењето народ, како што вели, од страна на експремиерот Никола Груевски, кој на фејсбук профилот укажа на пропусти и опасности во изградбата на тунелот на новата делница Демир Капија-Смоквица, која треба да биде пуштена утре.

“Нема агрегат како бекап варијанта. Ова значи дека ако нема струја, нема да се вози по тунелот. Барем не во нормална земја”, тврди Груевски во статусот на фејсбук, на што Китанов одговара: “Понудата на грчки “Актор” беше да ни го остават агрегатот за 70.000 евра. ЈП За државни патишта има 20 агрегати. Ќе го исклучам далноводот, го повикувам поранешниот премиер Груевски да пикне прст во штекер во тунелот, ако тврди дека нема струја”, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК директорот Китанов.