(ВИДЕО) САШКО МИТОВСКИ СЕ ПРИКЛУЧИ КОН МОТОТО ,,НИШТО ЗА НАС БЕЗ НАС”, ВО ИДНИНА НА КРИВА ПАЛАНКА И ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ЌЕ КРЕИРААТ САМИ РЕШЕНИЈА ЗА НИВНИ ПОДОБАР ЖИВОТ

0
1546

Во рамки на тековните активности на Здружението Хендикеп Плус, под слоганот,, ПРЕДИЗВИК ЗА ЕДНАКВОСТ, денес имавме средба со еден од кандидатите за градоначалници на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, кој го прифати предизвикот и истиот со нас денес пред зградата на Општина одблиску се запозна со проблемите на лицата со попреченост.

На истата средба беа изложени нашите барања, но и бевме пријатно изненадени од негова страна за неговиот интерес за што подетално да се запознае со КПЛП на ОН (чл. 118) се со цел истата да може да се имплементира и на локално ниво и инклузија на сите нивоа, со што Крива Паланка би се стекнала со епитетот #ИнклузивнаОпштина.

Сашко Митовски како кандидат за градоначалник на Општина Крива Паланка се обврза дека доколку ја добие довербата од неговите сограѓани дека лицата со попреченост ке бидат вклучени при креирање на локалните политики и дека нивните права како активни чинители за подобра и просперитетна Европска Крива Паланка.

Здружението Хендикеп Плус изрази жалење што останатите кандидати за градоначалници на Општина Крива Паланка не го прифатија предизвикот, но Здружението Хендикеп Плус ке остане во понатамошна соработка со сите останати политички партии #НиштоЗаНас_БезНас.