(Видео) Латас се закани, ќе монтирал секс видео со Заев и Сораја, со офкање и стенкање

0
1552

latas 111

Главниот уредник на Сител телевизија, Проф. д-р. Драган Павловиќ Латас, во вчерашните вести уште еднаш го предупреди Заев дека со објавувањето на „бомбите“, ќе направел кривично дело, па и му понуди да му направел монтирано секс видео.

– Ако Заев сака, кога ќе почне игранкава во понеделник, јас ќе му понудам, со мои раце и со мое знаење, да му направам снимка, дека имал љубовен однос, и тоа групњак со Сораја. Сака да му дадам снимка и транскрипт дека примал пари од исламистите од ИСИС. Што сака Заев, ќе му направам за само еден ден, со негов глас, со Сораја, со офкање, со стенкање, со тој третиот, што не знаеме дали бил со Заев или со Сораја. Се може да направиме – рече Латас во вестите на сред бел ден во 16:29 часот, на програма наменета за целата публика, која може да ја гледаат и мали деца.

Ова предизвика многу негативни коментари за Латас на социјалните мрежи, а најчестите коментари се дека уредникот покажува многу нервоза во последните денови и е многу загрижен за материјалите кои се наоѓаат во „бомбата“ на Заев, па на ваков начин пробува да го ублажи нејзиното дејство.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=yT2SjyPMs2c[/youtube]