(ВИДЕО ИНФОМАКС) По лидерската средба, новинарите му ја одраа кожата на Мицковски за снимките со Кичеец: Дали е ваш оперативец, дали Заеви ви го уфрлиле да ве снима, дали вие сте ја режирале аферата РЕКЕТ?!?!

0
983

Новинарите го бомбардираа лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицковски со прашања за снимките на кои тој зборува со Зоран Милевски Кичеец, беше многу интересен пресот, подолу во видеото на Инфомакс, 19-та минута.

Прашање: Господине Мицкоски дали воопшто имаше приближување на ставовите помеѓу партиите на оваа средба некакво приближување бидејќи од она што ни го кажавте и вие и вашите претходни говорници е дека следната недела повторно ќе се состанете. Значи дали има  некаков напредок воопшто направено на оваа средба околу некаков датум . Дали доколку Комисијата за заразни болести предложи дека има некој временски период одреден дека е поволен за одржување на избори дали ќе ја профатооте таа препорака и дали ВМРО ДМПНЕ воопшто сака избори ова лето?

Одговор: ВМРО-ДПМНЕ сака избори да се случат час поскоро но ви реков одбивам да бидам премиер ако цената за тоа биде еден плус изгубен живот како резултат на Ковид 19 вирусот. Ќе повторам избори час поскоро не по цена на здравјето на граѓаните. Она кое што денеска како консензус го донесовме претходните говорници ви го пренесоа го потврдив и јас претпоставувам и тие после мене ќе го потврдат дека во текот на следната недела од како ќе ги добиеме информациите од овие институции ќе бидат констатнта во делот на  одлучување за тоа како понатаму. Ќе повторам здравјето на граѓаните не треба да биде предмет на компромис не е сериозно е лицемерно од една страна вие да зборувате дека прв приоритет ви е здравјето на граѓаните а од сруга страна да лицитирате со дати.

Доколку се претвори ова во лицитација тогаш треба да бидеме чесни како политичари да кажеме пред граѓаните ова што го зборуваме за вашето здравје не важи  нас ни се важни фотељјите важни ни се пратеничките министерските позиции и тогаш ова што го зборувавме до сега беше лицемерно. Како политичар не сум таков како човек не сум таков принципиелно зборам сето она кое што ќе допринесе за подобрио зндарвје на граѓаните а притоа да имаме фер и демократски изборен процес ВМРО-ДПМНЕ ќе го подржи. Избори час поскоро ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на тие избори кога и да се случат но не по цена на изгубен човечки живот. Тоа не може ниту себеси ниту да го го дозволам некој политичар да го прави.

Затоа јас сум оптимист дека во текот на следната недела откако ќе ги добиеме овие  информации ќе можеме да бидеме појасни околу првата возможна дата. Ќе ве потсетам на 26 Февруари ВМРО-ДПМНЕ предушредуваше дека панмедијата ни е пред врата на 12 и 13  март имавме  состанок кај техничкиот премиер на владата Спасовски никој тогаш тогаш не зборуваше за избори 6 до 7 дена потоа се тепавме кој прв да излезе да напише статус или да одржи прес конференција да ги одложи изборите. Да не се доведеме во таква ситуација доволно граѓаните претрпеа во овој  процес на излоација и ограничување на движењето доволно трпеа и сите овие стресови како резултат на Ковд 19  вирусот. Не треба ние дополнително како политичари  да ги оптоваруваме нивните животи.

Прашање: Господине Мискоцски стана ли збор на оваа лидерска средба за добиените бомби кои што беа објавени?

Одговор: Не.

Прашање: На истава тема, во најдолгото видео во третата минута Кичеец ви вели „тоа што ми го велите вие тоа и го правам, не искачам од тоа што ми го наредувате“, дали имавте толкав близок контакт со господинот Кичеец и зошто тоа го негиравте во едно интервју и дали се уште контактирате со него?

Одговор: Очекував вакво прашање, видете, навистина имаше еден обид од страна на политичкиот противник да се измести вистината од вистинската оска, каде што ќе се добие впечаток којшто вие практично сега го пренесовте во форма на прашање дека практично јас не ја говорам вистината. Ќе се обидам да ви дадам одговор што откако ќе го слушнете се надевам дека ќе ви биде појасно. На барање на именуваното лице, а по претходен закажан состанок на член на структурите од партијата имавме состанок со именуваното лице и разговаравме поврзано со изборите којшто тогаш се случуваа, а тоа е пред да излезе во јавноста аферата позната како „Рекет“. На 16ти август 2019 година имав прес конференција на којашто на новинарско прашање на една ваша колешка, дали сум имал средба или било каков контакт со лицата коишто се поврзани со аферата „Рекет“ ќе го цитирам мојот одговор и ќе бидам прецизен, на истото одговорив, на Бојан Јовановски лично му го честитав роденденот од почит кон медиумот, и од почит кон медиумите бидејќи тој го побара тоа од мене, како директор сопственик на тој медиум. И да, сум се сретнал со другите лица коишто се поврзани во аферата. Тоа првиот дел од мојот одговор. Понатаму, од страна на СДСМ бев прозиван на прес конференции во стилот на прашања „да каже Мицкоски што зел од овој, оној итн…“ и следеше интервју за еден портал во коешто воведното прашање „дали вие сте имале инкриминирачка средба со лицето тоа и тоа, како што на прес конференции СДСМ ве прозива?“, и тој дел не е прикажан туку е прикажан мојот одговор, и на крајот од мојот одговор следи прашањето од водителот којшто вели „дали сте имале таква средба ?“ и јас одговорив дека не сум имал средба, мислејќи дека сум имал средба којашто мене ме инкриминира. И добро е што излезе видеото што можеше јавноста да види дека нема никакво основано сомневање за инкриминирање, ниту мое, ниту на било кој друг. И ги охрабрувам уште еднаш институциите во државата, доколку постои основано сомнение за било какво мое инкриминирање или основано сомневање за сторено кривично дело веднаш да покренат истрага, уште денеска, односно по допрен глас, откако се појавија овие нелегално стекнати материјали. Очекувам истото да го направат за останатите нелегално стекнати материјали кои се појавија или пак можеби ќе се појавуваат во периодот којшто следи, за други политичари и јавни лица. Она што сакам да кажам е дека на сведочењето едно од осомничените лица, а тоа е првоосомничениот на сведочењето пред некоја недела кажува дека бил во кабинетот на тогашниот претседател на владата, во присуство на претседателот на владата и ова лице кое што вие го споменавте, каде што претседателот на владата вели не се грижи овој човек има паравојска таму, и таму  ќе ги добиеме изборите. Тоа се случува 10 дена пред мојата средба со тоа лице. Се чудам зошто беше толку големо инсистирањето 10 дена потоа тоа лице да се види со мене. Да јас сум претседател на партија и ќе продолжам да се среќавам со граѓани, коишто ценам дека можат да допринесат на некаков начин, законит се разбира во насока на остварување на победа на избори, дали се тоа локални, парламентарни или претседателски. Ќе ве потсетам уште еднаш, во моментот кога јас се сретнувам со лицето, тој не е предмет на обвинение. Но прашањето е што правеле заедно на 4 април во кабинетот на претседателот на владата.

Прашање: Рековте дека ќе барате час поскоро избори, дали доколку комисиите од здравство излезат со извештај дека има услови за избори, дали тоа би значело дека би прифатиле во месец јуни и дали стана збор за вонредната состојба?

Одговор: Бев прилично јасен и кажав дека нашиот план опфаќаше 4 точки, три од тие се комисијата за јавно здравје или заразни болести да  излезе со позиција кога е најмал ризикот за граѓаните и притоа да имаме фер и кредибилен процес, ДИК да каже колку време  им ем потребно да спроведат фер и кредибилен изборен процес и понатаму конечно да видиме кога можеме да очекуваме полна набљудувачка мисија од страна на   ОБСЕ и ОДИХР. Тоа се трите константи кои што во вој момент се важни. Но прва и основно е здравјето на граѓаните. Нема да лицитирам со датуми дали ќе биде на 14 или 21 или 28 или 5ти. Тој датум кога овие работи ќе бидат сведени на минимум  и ќе го гарантирам здравјето на граѓаните и ќе спасиме живот повеќе, ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе на избори и ќе победи.

Прашање: Не го одговоривте прашањето за вонредната состојба, дали стана збор дали ќе биде прекината, ќе заврши и дали веќе ако нема вонредна како ќе функционира државата?

Одговор: Поставив такво прашање, не доби одговор, претпоставувам дека деновиве јавноста ќе добие одговор дали ќе имаме или ќе немаме продолжување на вонредната состојба, но ќе се потсетам кога се распушти Парламентот, 60 дена пред 12 април кога требаше да одржат предвремените парламентарни избори ние немавме вонредна состојба што значи 60 дена техничката влада функционираше без вонредна состојба без овие уредби и имаше основна цел да ги подготви изборите и истите да ги спроведе. Така што не би сакал продолжувањето на вонредната да се поврзува со уредби или некој вид други гимнастики. Првиот пат беше поради две причини, првата одложување на изборите и втората носење на уредби со сила на закон за да му се помогне на стопанството.  Никој во тој момент не побара вонредна поради други причини. Ова беа двата столба, врз основа на кои донесовме одлука тогаш а вториот пат не бев повикан и не можам да дадам одговор, а сега како што гледаме изборите се одложени, а се донесоа богами и те како уредби со сила на закон, мал број имаше поврзани со поддршка за економијата, но имавме пиши бриши од страна на владата и се надевам дека сега ќе имаме посериозен и позрел однос од страна на  ресорните министри.

Прашање: Господине Мицкоски, го слушам вашиот одговор за Кичеец, сакате да кажете дека тој човек бил човек на господинот Заев и бил уфрлен кај вас?

Одговор: Не би сакал да се спуштам на тоа ниво, денеска имавме лидерска средба во која што зборувавме за иднината на државата, за здравјето на граѓаните, како да излеземе од ова политичко мочуриште во кое западнавме. Чив човек бил и каков бил си знае тој и си знаат тие. Нити сакам да коментирам ниту на тоа ниво да дебатирам. Има поважни работи за решавање.

 

Ви благодарам на вниманието