ХАХА, ДУРИ И УРЕДНИКОТ НА ИНФОМАКС СЕ ЗБУНИ ОД ОДГОВОРОТ НА МИЦКОВСКИ ЗА КИЧЕЕЦ: Ама зарем Заев ви го убацил, тоа ли ви е тезата сега?! Ацо ај смени тема, му вика Мицко!

0
1180

На прашање за Кичеец од страна на Фуркан Салиу, Мицковски толку многу забега со одговорот што го збуни дури и уредникот на Инфомакс, Ацо Мечка. Па се деси еден коминчен момент на денешниот прес каде Ацо Мечка се јави пак да праша и му вика на Мицковски:

– Чек, сега испаѓа дека Кичеец е човек на Заев кој ви го подметнал, тоа ли ви е тезата?

На тоа Мицковски, откако свати колку му е забегана и луда тезата, фати да се вади:

– Ацо, дај да не ја тупиме, не е битно кој чив човек бил.

И си замина. Сите останаа збунети. ХАХАХААААА!

 

Еве ја таа калакурница црно на бело:

Прашање од Фуркан Салиу: Во најдолгото видео во третата минута Кичеец ви вели „тоа што ми го велите вие тоа и го правам, не искачам од тоа што ми го наредувате“, дали имавте толкав близок контакт со господинот Кичеец и зошто тоа го негиравте во едно интервју и дали се уште контактирате со него?

Одговор: Очекував вакво прашање, видете, навистина имаше еден обид од страна на политичкиот противник да се измести вистината од вистинската оска, каде што ќе се добие впечаток којшто вие практично сега го пренесовте во форма на прашање дека практично јас не ја говорам вистината. Ќе се обидам да ви дадам одговор што откако ќе го слушнете се надевам дека ќе ви биде појасно. На барање на именуваното лице, а по претходен закажан состанок на член на структурите од партијата имавме состанок со именуваното лице и разговаравме поврзано со изборите којшто тогаш се случуваа, а тоа е пред да излезе во јавноста аферата позната како „Рекет“. На 16ти август 2019 година имав прес конференција на којашто на новинарско прашање на една ваша колешка, дали сум имал средба или било каков контакт со лицата коишто се поврзани со аферата „Рекет“ ќе го цитирам мојот одговор и ќе бидам прецизен, на истото одговорив, на Бојан Јовановски лично му го честитав роденденот од почит кон медиумот, и од почит кон медиумите бидејќи тој го побара тоа од мене, како директор сопственик на тој медиум.

И да, сум се сретнал со другите лица коишто се поврзани во аферата. Тоа првиот дел од мојот одговор. Понатаму, од страна на СДСМ бев прозиван на прес конференции во стилот на прашања „да каже Мицкоски што зел од овој, оној итн…“ и следеше интервју за еден портал во коешто воведното прашање „дали вие сте имале инкриминирачка средба со лицето тоа и тоа, како што на прес конференции СДСМ ве прозива?“, и тој дел не е прикажан туку е прикажан мојот одговор, и на крајот од мојот одговор следи прашањето од водителот којшто вели „дали сте имале таква средба ?“ и јас одговорив дека не сум имал средба, мислејќи дека сум имал средба којашто мене ме инкриминира. И добро е што излезе видеото што можеше јавноста да види дека нема никакво основано сомневање за инкриминирање, ниту мое, ниту на било кој друг. И ги охрабрувам уште еднаш институциите во државата, доколку постои основано сомнение за било какво мое инкриминирање или основано сомневање за сторено кривично дело веднаш да покренат истрага, уште денеска, односно по допрен глас, откако се појавија овие нелегално стекнати материјали. Очекувам истото да го направат за останатите нелегално стекнати материјали кои се појавија или пак можеби ќе се појавуваат во периодот којшто следи, за други политичари и јавни лица.

Она што сакам да кажам е дека на сведочењето едно од осомничените лица, а тоа е првоосомничениот на сведочењето пред некоја недела кажува дека бил во кабинетот на тогашниот претседател на владата, во присуство на претседателот на владата и ова лице кое што вие го споменавте, каде што претседателот на владата вели не се грижи овој човек има паравојска таму, и таму  ќе ги добиеме изборите. Тоа се случува 10 дена пред мојата средба со тоа лице. Се чудам зошто беше толку големо инсистирањето 10 дена потоа тоа лице да се види со мене. Да јас сум претседател на партија и ќе продолжам да се среќавам со граѓани, коишто ценам дека можат да допринесат на некаков начин, законит се разбира во насока на остварување на победа на избори, дали се тоа локални, парламентарни или претседателски. Ќе ве потсетам уште еднаш, во моментот кога јас се сретнувам со лицето, тој не е предмет на обвинение. Но прашањето е што правеле заедно на 4 април во кабинетот на претседателот на владата.

Прашање од Ацо Мечка, Инфомакс: Господине Мицкоски, го слушам вашиот одговор за Кичеец, сакате да кажете дека тој човек бил човек на господинот Заев и бил уфрлен кај вас?

Одговор: Не би сакал да се спуштам на тоа ниво, денеска имавме лидерска средба во која што зборувавме за иднината на државата, за здравјето на граѓаните, како да излеземе од ова политичко мочуриште во кое западнавме. Чив човек бил и каков бил си знае тој и си знаат тие. Нити сакам да коментирам ниту на тоа ниво да дебатирам. Има поважни работи за решавање.