(ВИДЕО) Заев: Снимката која беше емитувана е од ручек со Александар Верушевски

0
1034

Снимката која беше објавена е направена од Александар Верушевски на ручек во ресторан во Струмица, одговори Заев на прашање на новинар за тоа кој е другиот соговорник.

„Тој е мој пријател, но ете така одлучил така направил. Неговиот татко знаете е советник за национална безбедност и ми е голем пријател. Но, ете, Александар така одлучил така правел“, рече Заев додавајќи дека разговорот кој бил сниман е пред околу 4 години.