ТРАКТОРИСТ ОД ВЕЛЕС ТРГНАЛ ДА ГАЗИ ПОЛИЦАЈЦИ, ПА ГИ ТЕПАЛ СО БОКСОВИ, ПА ОТКАКО ГО СОВЛАДАЛЕ ИМ СЕ ЗАКАНИЛ ДЕКА ЌЕ ГИ УБИЕ И НИВ И НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА

0
404

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лице на возраст од 63 години за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела.

„На 23 август, осомничениот нападнал двајца полициски службеници од СВР Велес, нанесувајќи им телесни повреди. Откако управувајќи трактор не сопрел на зададените звучни и светлосни предупредувања од полицајците, туку продолжил да се движи кон индустрискиот дел од градот, оштетените со полициско возило го стигнале. На знак од еден од оштетените со светлечка палка СТОП и гласно упатено барање да запре, осомничениот свртел со тракторот во лево и продолжил да се движи во правец директно кон оштетените.

Со тракторот удрил најпрвин во едниот, а потоа и во другиот полициски службеник. Полицајците се обиделе да го запрат, но тој продолжил да ги удира со боксови. Кога конечно успеале да го совладаат, им се заканил дека ќе го запаметат, како и дека ќе ги уништи нив и нивните семејства“, соопштија од Основното јавно обвинителство Велес.

Судијата на претходна постапка од Основен суд Велес го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 8 дена поради опасност од бегство или да го повтори делото.