(ВИДЕО) Албанците масовно се зачленуваат во СДСМ, отворено партиско седиште во Чаир со двојазична табла!

0
3273

Со информација на македонски и албански, СДСМ се подготвува да отвори  партиско седиште во Чаир. Трајче Неделковски, член на партијата, вели дека ова е резултат на зголемената заинтересираност на граѓаните од различни заедници за членство, особено од етничките Албанци, како што вели, пренесува ТВ21.

Џеват Исени, новиот член на СДСМ ја објаснува причината зошто се зачленил во оваа партија:

„Горд сум што се зачленив во седиштето на СДСМ, која ќе функционира на двата јазици, за да му кажеме на народот дека албанскиот јазик ќе се употребува и во СДСМ“, изјави Џеват Исени – член на СДСМ.

Го прашавме Потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски, дали поставувањето на двојазичната табла во новото седиште во Чаир, е чекор за  придобивање на албанскиот електорат.

ВМРО-ДПМНЕ во врска со отворањето на седиштето на опозицијата во Чаир, кое ќе функционира двојазично, нагласија дека и тие како партија им посветуваат огромно внимание на меѓуетничките односи.

„ВМРО-ДПМНЕ посветуваше и посветува огромно внимание на меѓуетничките односи. Само со соживот на повисоко ниво и со напорна работа можеме да градиме подобра иднина за сите нас“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Најголемата опозициска партија СДСМ, во последно време и соопштенијата ги објавува на на албански јазик, што претставува новост на политичката македонска сцена. Од оваа партија истакнуваат дека свеста кај граѓаните е зголемена, а политичката определба не зависит од етничката припадност во една мултиетничка држава како што е Македонија.