Кавани се извини, ама сепак го чека суспензија

0
1223

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Единсон Кавани се наоѓа во проблем поради контроверзната порака на Инстаграм по вчерашниот натпревар против Саутемптон.

Веројатно во еуфорија по одличниот настап, тој нарече „црнец“ еден од своите соиграчи, но тоа го направи во позитивна конотација. Јавноста не го прифати така, па Уругваецот е веднаш осуден кај неа и најверојатно го чека суспензија во Премиер лигата.

„Пораката што ја поставив беше упатена кон пријател, а во неа му се заблагодарувам за честитките по натпреварот. Последна работа што сакам ми беше да навредам некого. Целосно сум против расизам и ја избришав поракатра веднаш штом ми беше предочено дека може поинаку да се интерпретира. Би сакал искрено да се извинам“, изјави Кавани.

И Јунајтед потврди дека фудбалерот немал лоша намера, но во Англија вакви работи жестоко се казнуваат. Кавани би можел да добие суспензија и до три натпревари.