(ВИДЕО) Алаѓозовски: Нема да дозволиме фамилијата да испере над 8 милиони евра во Скупи

0
1183

Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура на СДСМ реагира на објавениот тендер на Министерството за култура со кој се предвидува како што рече некаква си обнова на Скупи.robert0511

– Обвинетиот Груевски и неговите извршители склучија договор од над 8 милиони евра со кој сакаат да уништат исклучително културно наследство, тука, во археолошкиот локалитет Скупи. Нив единствено им се важни тендерите, а не културното наследство. Затоа објавија тендер пред да го дочекаат мислењето на конзерваторскиот центар кој е надлежен за античкиот театар во Скупи – рече Алаѓозовски.

Археолошкиот локалитет Скупи, додаде тој, е еден од најважните споменици од римско време кај нас, прогласен за културно наследство од особено значење, а фамилијата го доведува во опасност, со противправна владина одлука за некава си „обнова“ на античкиот театар.

– Било каква реконструкцијата на објекти на археолошки локалитети е противзаконска. Потсетуваме дека во Скупи беше строго забрането поставување на било какви објекти. Министерката за култура, осомничена во случајот „Тендер“, треба да одговори на неколку прашања како ќе го конзервирате некогашниот најголем антички театар во земјата кој бил изграден од травертински блокови, кога дел од тие блокови се преместени на скопските ѕидини на Кале, како ќе го реставрирате театарот според конзерваторските стандарди кога не се знае вистинскиот изглед на театарот, со каков антички лепак планирате да ги лепите тапетите на бетонските блокови кои треба да глумат травертин – праша Алаѓозовски.

Нема да дозволиме, додаде тој, да го нагрдите и Скупи со помош на кран од 45 тони кој може целосно да ги уништи неистражените делови на локалитетот.

– Сите одговорни лица ги повикуваме да внимаваат што потпишуваат, за да не бидат соучесници со припадниците на осомниченото злосторничко здружение. Тие што учествувале во злоделата врз културното наследство ќе одговараат – порача Алаѓозовски.