ГЕРОВА КУРТОН МАТЕМАТИКА – ЗАЕВ ДА ПОБЕДИ МУ ТРЕБААТ 35 ГРАДОНАЧАЛНИЦИ, А НА МИЦКОСКИ ЗА ДА ПОБЕДИ МУ ТРЕБААТ 25 ГРАДОНАЧАЛНИЦИ?!

0
1374

Според ударната медиска тупаница на опозицијата, уредникот на Плусинфо, Геро Дагау, за да победел Заев му требало да има 35 градоначалници на овие избори, а за да победи ВМРО ДПМНЕ на овие избори му требале 25 градоначалници??!?!

Која е оваа луда логика?! Се знае што е нерешено а што победа на една од страните, секој што ќе има голема разлика во гласови во советите и во бројот на градоначалници може да се смета за победник на овие избори.

Значи разлика од над 50 000 гласови за советите и разлика во број на градоначалници над 10, значи повеќе од 10 градоначалници разлика меѓу ВМРО и СДСМ ќе се смета за победа и ако е тоа ВМРО ќе може да бара предвремени а ако не тогаш нема што да бараат, избори за влада имаше пред една година и нема што да се премеруваме пак ако е нерешено или СДСМ победи…

И тоа ВМРО го знаат затоа сега пред време ги спуштаат бројките за да ја спремат својата база дека ете 20 до 25 градоначалници ќе значело победа??! Победа е ако ВМРО има 35 градоначалници и Скопје а СДСМ има 25 градоначалници и изгубено Скопје. Се друго е нерешено или пораз. И тоа им е јасно на сите.

И малите деца знаат дека на овие избори ВМРО ќе освои околу 20 општини и ќе изгуби во Скопје. ДУИ ќе го прегази Села. И тоа е исход на кој може да се кладат сите што малку разбираат политика. Затоа Мицко почна да плаче за поткупи а Геро и Миленко почнаа да ги спремаат вмровците да бидат задоволни со поразот кој ги чека и ќе го прогласуваат за нерешено па дури и за некаква победа??!?!