(ВИДЕО)Никола Димитров во „10 Минути“: Ќе имаме избори бојкотирани од опозицијата, меѓународната заедница не е принципиелна

0
1475

Поранешниот амбасадор на Република Македонија во САД и Холандија Никола Димитров во гостувањето во емисијата „10 минути“ на тв21 изјави дека најверојатно ќе имаме избори кои ќе бидат бојкотирани од опозицијата. Според него, доколку опозицијата учествува на изборите, ќе биде соучесник во неисполнувањето на условите и договорот од Пржино.

„Влегуваме веројатно во една фаза која што ќе значи ескалација на кризата. Нема да бидат признаени од страна на опозиција, ќе видиме како ќе се изјасни меѓународната заедница. Малку е нечесно да чекаме само на ДИК, бидејќи тоа е институција која се грижи само за еден од трите елементи, избирачкиот список. Каде се тука медиумите, каде е одвојувањето на државата од партијата.“, рече Димитров.

Според Никола Димитров сите се изморени од ваквата ситуација во Македонија. Граѓаните, но и меѓународната заедница, како што вели тој, сакаат што побрзо да заврши политичката криза. Сепак, додава Димитров, кризата нема да заврши со лоши избори.

„Кризата нема да заврши со лоши избори. Ќе мора да има и правна разврска, ќе мора да ги ослободиме институциите. Меѓународната заедница има интерес Македонија да функционира и да биде стабилна и секогаш ќе биде тука. Јас апелирам и ургирам да бидат поискрени појасни.“, изјави Димитров.

Тешко е да се прогнозира, но можно е да се случи Груевски и Ахмети да одат на избори без опозицијата, вели Димитров.

Според него, стариот систем, спасот го гледа во брзи избори.