ВЕХОРСТ ДОАЃА НА ОЛД ТРАФОРД, НАПАЃАЧОТ КОЈ ВО КАТАР ГО ИЗНЕРВИРА МЕСИ

0
537

Вут Вегорст ќе биде нов напаѓач на Манчестер јунајтед. Холанѓанецот доаѓа на „Олд Трафорд“ на шестмесечна позајмица.

Голгетерот се чини дека вечерва се прости од навивачите на Бешикташ откако постигна гол во победата од 2-1 против Касимпаша во рамки на турскиот шампионат.

Вегорст добро го познава англискиот фудбал, бидејќи тој всушност е играч на Барнли, а во Бешикташ игра на позајмица. Претходно играше за Волфсбург, АЗ Алкмар, Хераклес и Емен.