ВЕНКО ФИЛИПЧЕ : ДА ЈА ПОТСЕТАМ КАНДИДАТКАТА НА ВМРО-ДПМНЕ, СИЛЈАНОВСКА ДЕКА НЕЈЗИНАТА ПАРТИЈА 11 ГОДИНИ ОД ПРИВАТНИТЕ СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ ПРАВЕШЕ СОЦИЈАЛНИ СЛУЧАИ

0
65

Да ја потсетам кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска дека нејзината партија 11 години од приватните специјализанти правеше социјални случаи. Тоа не го кажувам јас тоа се зборови на моите млади колеги. Силјановска изгледа не знае дека ВМРО-ДПМНЕ трудот на приватните специјализанти го вреднуваше 0 денари. Со букви НУЛА денари.

Таа како пратеник во последниот парламентарен состав можеше, исто така, да иницира измени во законот. Ама тогаш веројатно немала ни слушнато за оваа категорија здравствени работници, а сега во кампањата се обидува на нивни грб да прави политички поени.

За разлика од политикантството на Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ, јас како министер и СДСМ обезбедивме уште во 2018 приватните специјализанти да добијат месечен надомест во висина на просечна плата, платени дежурства како и платено здравствено осигурување.
Фејсбук статус на носителот на пратеничката листа од ИЕ 4 од СДСМ, Венко Филипче