ВЕЛЕШАНИ ПАК СЕ ВМЕШАА ВО ИЗБОРИТЕ ВО САД: Возило на велешки Брако го чистеше дворот пред Белата куќа во Вашингтон пред денешната инаугурација на Џо Бајден

0
1350

Велес повторно се замеша во американските избори. Но, овој пат, за среќа, не со лажни вести. Велес денеска и покажа на најмоќната држава во светот дека е град на иноватори, кои можат да се пофалат со своите производи и на пазар како што е американскиот.

Во подготовките на Белата куќа за денешната инаугурација на новиот американски претседател Џо Бајден, дворот на американските претседатели се чистеше со возило на Green Mаchines, кое е дел од гамата на производи на велешки Брако. Ова е доказ за квалитеот на овие производи, кои се заштите знак на Green Machines, компанијата чиј сопственик е велешкиот гигант.

Од Брако велат дека машината не е случајно таму, бидејќи Green Machines веќе подолго време ги извезува овие производи на американскиот пазар. Се работи за возилото GM500ze, кој е првиот целосно електричен чистач на отворени површини во светот.

Возилото на Green Machines се најде на фотографија која илустрира текст посветен на подготовката на денешната инаугурација на новиот американски претседтел Џо Бајден, кој го објави престижниот Politico.

Овие возила на Green Mаchines се дел и од холивудски блокбастери, а се појавуваат и во сцени од научно-фантастичните филмови „Man In Black 3“ и „Star Wars: Episode I – The Phantom Menace“.

На следниот линк можете да ја погледнете оригиналната објава на Politico:

ИЗВОР: БАТАЛИ.НЕТ