Димитров : Нашите пријатели од Чешка излегоа во пресрет на нашето барање

0
806
Нашите пријатели од Чешка излегоа во пресрет на нашето барање што беше поднесено преку механизмот за цивилна заштита на ЕУ и обезбедија 108.000 хируршки маски, 18.000 ФФП2 маски и 5.000 медицински скафандери.
Чешка ни е голем пријател.
Благодарност за солидарноста на чешкиот народ и на чешката влада. Истовремено, Чешка е голем и принципиелен поборник на политиката на проширување на ЕУ, но и промотор на Унијата како заедница на вредности, што стана особено видливо и јасно во декември минатата година.

Фејсбук статус на Никола Димитров.