БУГАРИЈА СЕ НАВИКНА ДА ЈА ШУТИРА МАКЕДОНИЈА КОЈА ГИ ПОСТИГНА СИТЕ БАРАЊА ОД ЕУ ЗА СТАРТ НА ПРЕГОВОРИ, ВЕЛИ ХРВАТСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ МИЛАНОВИЌ

0
1162

Претседателот на Хрватска,  Зоран Милановиќ вели дека Македонија ги исполни сите демократски услови за почеток на пристапување кон Европската унија.

Сепак, додава дека останатите земји продолжуваат „да ја шутираат“ кога и да е тоа потребно.

„Бугарија се навикна да ја шутира Македонија секојпат кога има внатрешнополитички проблеми кои не може да ги реши, па им е потребен виновник и удира по Македонија. Тоа не е во ред“, изјави Милановиќ.

Тој во понеделникот на самитот на земјите од Западен Балкан што се одржа во Брдо кај Крањ остро ја осуди Бугарија поради нејзините ирационални барањата во однос на Македонија.

Амбасадорката на Република Хрватска во Софија, Јасна Огњановац, вчера беше повикана на разговор во бугарското МНР по наредба на министерот за надворешни работи, Светлан Стоев. По завршувањето на процесот Брдо-Бриони, Милановиќ изјави дека ова што сега една земја-членка на ЕУ ѝ го прави на Македонија е влегување во интимниот простор, и оцени дека Македонија се наоѓа во невозможна позиција во процесот на евроинтеграциите.