БУГАРИЈА ДОБИ ПРОЕВРОПСКА ВЛАДА, ВО ПРВИТЕ ДЕВЕТ МЕСЕЦИ ЌЕ ЈА ВОДИ НАУЧНИКОТ НИКОЛАЈ ДЕНКОВ

0
588

Новата влада е составена од експерти (Фото: АП)

По повеќе од две години политичка нестабилност и пет одржани избори, Бугарија денеска доби нова проевропска влада, која беше договорена со компромис. Новата влада, која е составена од експерти на чело со научникот Николај Денков, доби значајна поддршка во парламентот, откако за неа гласаа 132 од 240 пратеници.

Шеесетгодишниот Денков, кој порано беше министер за образование, го избра либералната реформска коалиција и тој ќе ја води владата во следните девет месеци. Денков ќе ја има поддршката и на поранешната еврокомесарка Марија Габриел, која ГЕРБ прво ја предложи за мандатар. Таа засега ќе биде потпретседателка на владата, а по девет месеци ќе стане премиерка.

Најсиромашната земја во Европската Унија, каде што корупција е голем проблем, на 2 април ги одржа петтите парламентарни избори за период од две години. На тие избори победи ГЕРБ на Бојко Борисов, по што тој и другиот бивш премиер Кирил Петков ги ставија несогласувањата на страна и договорија коалиција.