„БРИТАНИЈА СЕ СОЛИДАЛИЗИРА СО ИЗРАЕЛ, АМА ВАЖНА Е И ХУМАНИТАРНАТА ПОМОШ ЗА ГАЗА“ ПОРАЧА СУНАК

0
287

Премиерот на Велика Британија – Риши Сунак денеска во Ерусалим во разговор со израелскиот претседател Исак Херцог рече дека Велика Британија стои во солидарноста со Израел по нападот на Хамас, но во исто време нагласи дека е важно и да се обезбеди хуманитарна помош за Палестинците во Појасот Газа.

Тој нагласи дека Британија го поддржува народот на Израел и неговото право да се бранат за да ја вратат безбедноста на својата земја. Сепак рече дека Палестинците се жртви на она што го направи Хамас и дека е важно да продолжи да обезбедува хуманитарна помош за палестинските цивили.Херцог рече дека сака да го покрене прашањето за објективноста на известувањето за таа трагедија.

– Ние веруваме дека начинот на кој Би-Би-Си го карактеризира Хамас претставува искривување на фактите. Имаме работа со една од најлошите терористички организации во светот“ – истакна Херцог.По средбата на Херцог, Сунак имаше состанок и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а на заедничка прес-конференција изјави дека Велика Британија ќе се солидаризира со Израел и сака негова победа.

„Ќе бидеме солидарни, ќе бидеме со вашиот народ. Сакаме да победите“, рече Сунак по средбата со Нетанјаху, додавајќи дека Израел од своето основање секојдневно преживува насилство и тероризам, пренесува Би-Би-Си.Според Нетанјаху, ова ќе биде долга војна, и на Израел ќе му треба постојана поддршка.– Ќе има подеми, падови и тешкотии. Луѓето се обединети овде. Ни треба тоа единство и постојана поддршка – посочи Нетанјаху.